Ликовна изложба “Карпино 2020”
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово вечерва беше отворена меѓународната ликовна изложба „Карпино 2020“, организирана од страна на Мултимедијалниот центар „Карпино“-Куманово.
Оваа година учествуваа тринаесет уметници од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Република Северна Македонија, кои се претставија со по едно дело, во комбинирана техника на хартија.
Изложбата ја отвори Секретарот на општината Александар Гелевска.