Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оглас за доделување на стипендии на деца со попреченост

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак”, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”. Проектот, кој е финансиран од Европската Унија и трае од 1.09.2020 до 31.08.2023, има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.  Како дел од овој проект ќе се доделат стипендии на деца со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение. Оваа година, овие стипендии ќе се доделат на вкупно 300 ученици.

Пријавата за добивање стипендија како и повеќе информации за процесот на аплицирање може да најдете на веб страната на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” на следните линкови:

  • Оглас и пријава на албански јазик/Njoftimi dhe aplikimi në gjuhën shqipe:

 http://inkluziva.mk/2020/09/16/shpallje-per-ndarjen-e-bursave-per-femijet-me-aftesi-te-kufizuara/

https://www.stepbystep.org.mk/mk/novosti-i-nastani/shpallje-per-ndarjen-e-bursave-per-femijet-me-aftesi-te-kufizuara-688

За сите дополнителни информации и прашања контактирајте на 076 279 663 или на: [email protected]  и на 072 307 326 или на: [email protected] , [email protected]

 

Со почит,

Тимот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”

Со почит,

Благица Димитровска/Blagica Dimitrovska

Претседател /President

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА /Association for promotion and development of an inclusive society INKLUZIVA

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст