Одбележана неделата на НАТО со отворен ден на Армијата за граѓаните

Министерството за одбрана и Армијата, во соработка со Општина Куманово, денеска организираа отворен ден на Армијата за граѓаните, како дел од активностите за одбележување на неделата на НАТО и 70 годишнината од основањето на Алијансата, како и напредокот на Република Северна Македонија кон членството во НАТО.

Активностите на настанот беа проследени од градоначалникот Максим Димитриевски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, од заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на здружената оперативна команда генерал-мајор Павле Арсоски, претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, претставници на јавните претпријатија, училишта и организации од локалната самоуправа.

Присутните на настанот имаа можност одблизу да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на армијата, да ја проследат точката на припадниците на баталјонот за почести и да слушнат бројни музички нумери во изведба на воениот оркестар.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт