Потпишан Договор за збратимување на општините Куманово и Гњилане
Оваа објава е достапна и на: Albanian
По повод 11 Ноември, Ден на градот, Градоначалникот Димитриевски се сретна со Градоначалникот на општина Гњилане, Република Косово Љутфи Хазири, со цел потпишување на Договор за збратимување. Овој Договор е резултат на традиционално добрите односи помеѓу двете општини и долгогодишната успешна соработка во развојни проекти и програми за меѓусебен развој и унапредување на економските и културните односи.
Претходно, беа дел од традиционалната изложба на кумановски ликовни уметници, на која учествуваа единаесет академски ликовни уметници (сликари, графичари, вајари) од градот. Изложбата ја отвори Градоначалникот Димитриевски.