Презентирани активности на проектот “Меѓуетничка интеграција во образованието” на општински основни училишта “Крсте Мисирков” и “Битолски конгрес”
Вечерва во Занаетчиски дом се одржа промоција на активности во рамки на проектот “Меѓуетничка интеграција во образованието”, од страна на тимови на општинските основни училишта “Крсте Мисирков” и “Битолски конгрес”. Беше презентирана и мапа на културни знамености на Куманово и околината, а присутните имаа можност да го погледнат и документарниот филм за црквата во с.Пезово. На промоцијата присуствуваа секретарот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.