Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележан Денот на пожарникарите на Република Северна Македонија

Денеска Територијалната противпожарна единица Куманово го одбележа 20 мај, Ден на пожарникарите на Република Северна Македонија. На одбележувањето присуствуваше секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.
Општина Куманово продолжува со континуирано опремување на единицата на ТППЕ Куманово и подобрување на условите за работа.
Во 2021 година набавивме 40 нови грбни пумпи – “напртњачи” за гаснење на шумски пожари на отворен простор за ТППЕ Куманово кои се покажаа особено ефективни во гаснење на пожарите на отворен простор кои го зафатија регионот во 2021 година. Дополнително ТППЕ Куманово доби опрема за спасување при урнатини и сообраќајни незгоди од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во 2020 година пожарникарите од ТППЕ Куманово добија нова заштитна опрема вклучувајќи 33 нови одела, кои ги користат за гасење на пожари на отворен простор во урбаните и руралните средини. Дополнително од Општина Куманово беше обезбедено мобилно возило за брзи интервенции.
Во 2019 година беа набавени 30 заштитни интервенциски противпожарни комплети составени од противпожарно заштитно одело, професионални ПП чизми, професионални пожарникарски ракавици и шлемови со средства обезбедени од Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст