Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодно одбележана 79 – годишнина од формирање на Трета МУБ

Во организација на Општински одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи – Куманово, традиционално се одбележа годишнината од формирањето на 3-та Македонска ударна бригада во с.Жегљане.
Во знак на почит и благодарност на хероите од НОБ, кои ги положија своите животи за слобода,  денеска пред спомен обележјето на кое  е формирана Бригадата, свежо цвеќе положија делегации на Сојуз на борци, Општина Куманово, АРМ, ЗАПВАРС, Општина Старо Нагоричане и други делегации.
Пред присутните се обрати Зора Ивановска, член на претседателство на Сојузот на борци – Куманово.
Дел од кратката пригодна програма беа учениците од ООУ “Христијан Тодоровски Карпош” – с.Драгоманце, кои со интерпретација на литературни творби го збогатија настанот.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст