Регионална средба за промовирање на Упатството за организирање заеднички часови
Врз основа на Акцискиот план на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, Бирото за развој на образование и Центарот за стручно образование и обука, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во соработка со МОН –Комисија за меѓуетничка интеграција во образование и Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), го донесоа Упатството за организирање заеднички часови, кое денеска беше промовирано во Куманово.Целта на Упатството е обезбедување интеракција меѓу учениците од различни етнички заедници и наставни јазици во основно и средно образование и зајакнување на заеднички наставни активности во училиштата. Беше потенцирана улогата на Општината во организирање на часовите и нивна организација и спроведување на ниво научилиштата. Присуствуваа претставници од општински основни и средни училишта и Сектор за образование при Општина Куманово.