Свечено доделување на награди од Државните натпревари на млади истражувачи и млади техничари и природници од РСМ
Народна техника на Македонија, Сојуз на здруженија на млади истражувачи на Македонија-Наука на млади и Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија-СКМТП ги организираа 58-от Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија-Наука на млади за ученици од средните училишта и 59-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Македонија во 25 области од применети природни и технички науки со истражувачки проекти. По тој повод денеска во ОСТУ “Наце Буѓони”-Куманово се одржа свечено доделување на дипломи и награди на ученици и ментори од Кумановско-Пробиштипски регион. Настанот го отвори претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.