Свечено пуштање на училишната спортска сала во ООУ “Јероним Де Рада”-с.Черкези
Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука-“145 спортски сали”, согласно направениот Договор, завршија активностите за изградбата на училишната спортска сала во ООУ “Јероним Де Рада”-с.Черкези, Куманово.
На свеченото пуштање во употреба на спортската сала во ова училиште присуствуваа Арбер Адеми, Министер за образование, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Бујар Османи заменик на претседателот на Владата,задолжен за европски прашања, Максим Димитриевски, Градоначалник на Општина Куманово, претставници од Секторот за образование при Општина Куманово.
Градоначалникот Димитриевски ги повика претставниците на Владата на Р.Северна Македонија да продолжат со инвестиции во училишната инфраструктура во нашата општина, воедно заблагодарувајќи се оваа значајна инвестиција, со цел подобрување на работните услови за квалитетно одвивање на образовниот процес, за развој на квалитетни генерации ученици.