Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одбележа 10-ти Мај, Светски ден на физичка активност

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска присуствуваше на одбележувањето на 10-ти Мај, Светски ден на физичка активност, во организација на Влада на Република Северна Македонија, Агенција за млади и спорт, ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, Македонски олимписки комитет и општина Куманово. На настанот присуствуваа советничка на претседателот на Владата на РСМ Силвија Митевска, директор на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски, директор на Македонски олимписки комитет Даниел Димевски, претседател и спортски директор на кошаркарска федерација на РСМ- Перо Антиќ и  Тодор Гечевски. Во рамките на одбележувањето на настанот, учествуваа спортски клубови од Куманово, како дел од Општинскиот сојуз на спортови, кој денеска одбележува 16 години од своето постоење.Градоначалникот Димитриевски истакна дека големо значење има физичкото здравје, кое води кон подобар квалитет на животот и подобрување на општата здравствена состојба.



 

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст