Средба на градоначалникот на Општина Куманово со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
На работната средба во просториите на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски разговараше со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лука Сасо и Наташа Нанковска од Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, кои соработуваат со нашата Општина.
На денешниот состанок се разговараше за актуелни случувања, за постоечката политичка ситуација, работата на градоначалникот на Општината и предизвиците со кои се соочува во вториот мандат.
Беше нагласена континуираната позитивна соработка меѓу двете страни и беа изложени планови и активности за 2023 година, кои ги презема Мисијата на ОБСЕ, во интерес на граѓаните на Општина Куманово.