Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со стопанственици-претставници на микро, мали и средни претпријатија во градот

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски
оствари средба со претставници од Здружението на стопанственици
од микро и мали претпријатија, како и од Здружението на чевларските
работници во општината. На средбата беа претставени нивните
барања за предложените мерки и помош на стопанството во
Куманово, кое е засегнато од вонредната состојба, како резултат на
епидемијата од корона вирусот. Општина Куманово ќе направи се во
рамките на своите можности и надлежности да излезе во пресрет на
барањата, но првенствено ќе даде приоритет на постоечката
вонредна состојба и борбата со корона вирусот, со цел побрзо
надминување на кризата и заштита на граѓаните. Во најкус можен рок
ќе биде остварена средба со претставници од Владата на Република
Северна Македонија, на која ќе се презентираат ставовите на
кумановското стопанство, како и сите идеи, со цел намалување на
загубите на стопанствениците, кои реално ги трпат.

Врати се на врвот
Големина на фонт