Средношколци од клубот “Учиме право во Куманово” на средба со Димитриевски
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со членовите-средношколци на клубот “Учиме право во Куманово”, кое функционира во рамки на Здружението на граѓани “Младински образовен форум”-Скопје, како заокружување на стекнатите знаења на средношколците од областа на локалната власт. Градоначалникот Димитриевски пред средношколците ја презентираше својата функција и надлежностите на Општина Куманово. Програмата “Учиме право” е насочена кон едукација на младите за човековите, граѓански и политички слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото, Европската унија и процесот на евроинтеграција на РСМ.