Формирана Комисија за женско претприемништво во Општина Куманово
Во соработка со членови од општинските тела ЛЕСС, ЛЕР, претставници од НПЖС, од Агенцијата за вработување, приватниот бизнис сектор и поддршка од претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска беше формирана Комисија за женско претприемништво.
Иницијатива за оваа Комисија потекнува од потпишаната Декларација помеѓу нашата општина и Националната Платформа за женско претприемништво од 20.06.2022 год.
Работното тело го сочинуваат 15 претставнички од бизнис заедницата, а за претседателка е избрана Наташа Денковска Бојковски, директорка на “Бучен Козјак” – Куманово.
На состанокот беа потенцирани основните недостатоци и проблеми со кои се соочуваат постоечките фирми:
недостаток на работна сила, недоволна информираност и незаинтересираност за стручна обука кај младата популација и жителите од рурални подрачја, несоодветни инвестиции, неискористени природни богатства и др.
Во таа насока ентузијастките – членки на Комисијата ги насочија и предлог активностите кои би ја подобриле “економската клима”на оваа подрачје, односно предложија конкретни задачи и цели, кои ќе бидат опфатени со Програмата која ќе биде изготвена во најблиска иднина.