ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВА НА ЖИРО СМЕТКИ
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Поради статусните промени во Охридска Банка АД Скопје, односно поради нејзиното присоединување кон Шпаркасе Банка АД Скопје ,при што нејзините корисници добија нови жиро сметки, а во согласност со нивната нова состојба, Секторот за даноци и такси ги повикува сите даночни обврзници – Правни лица, Самостојни вршители на дејност и Трговци Поединци задожени со комунална такса за назив на деловна просторија (фирмарина) , како и сите физички и правни лица задолжени со данок на имот на физички и правни лица во Општина Куманово да ги достават своите нови жиро сметки во законските рокови. Во спротивно Секторот за даноци и такси ќе постапи во согласност со Законските одредби.
Со почит, Сектор за даноци и такси