Акција за масовно пошумување на Спомен Коструница
На 28.10.2022 година (петок) со почеток во 9:00 часот на локалитет Спомен Коструница ќе започне акција за масовно пошумување во организација на ЈП “Чистота и зеленило” и Општина Куманово во соработка со АРМ и ТППЕ Куманово. Предвидено е пошумување на 2000 зимзелени садници на оваа локација во периодот што следи. Оваа акција, како и повеќето претходни акции се дел од кампањата “Куманово мој зелен дом” која има за цел да ја подигне јавната свест за зачувување на животната средина, пошумување и раззеленување на градот. ЈП “Чистота и зеленило” и Општина Куманово ќе продолжат со низа еколошки активности во текот на целата година.