Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Амбасадорот на Руската Федерација во посета на Општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Баздникин Сергеј Александрович. Средбата е во рамките на Меѓународната конференција на тема „Русија – Северна Македонија: јазик, историја, култура, образование“.  По тој повод во посета на општината беа и учениците и професорите вклучени во проектот за соработка помеѓу Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и Гимназијата No.13 Невски реон од Санкт Петербург.

Годинава кумановската гимназија беше домаќин и организатор на Меѓународната конференција која се одржа во Занаетчискиот Дом, под покровителство на градоначалникот и Секторот за образование при Општина Куманово.

На настанот свој поздравен говор имаше градоначалникот Максим Димитриевски, амбасадорот Баздникин Сергеј Александрович, а пред присутните се обрати и директорката на гимназијата „Гоце Делчев“  Марија Тодоровска. Во програмата на конференцијата беше опфатена богата содржина од музички изведби, поеми, говори за особеностите на воспитната дејност, реализацијата на проекти и руско-македонската соработка. Во рамки на Меѓународната конференција свечено беа доделени дипломи и награди за победниците на XII Меѓународен Фестивал  за детско литературно творештво, кој беше организиран од Комитетот за образование, култура, младинска политика и печат при Владата на Санкт Петербург.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст