Ансамблот „Етно фолк студио“- Куманово севкупни победници на Интернационалниот фестивал на Власите од Балкан
Ансамблот „Етно фолк студио“- Куманово се севкупни победници на Интернационалниот фестивал на Власите од Балканот, кој се одржа во Голубац, Житковица, Р Србија. Првото место за најоригинален костим го освои Весна Кузмановска, втора придружничка е Стефани Стојмановска, додека за мис на фестивалот е прогласена Анастасија Стојановска, а прва придружничка е Мила Ангеловска. На фестивалот учествуваа 11 познати ансамбли од РСМ, Србија и Романија. „Етно фолк студио“ премиерно ја изведе кореографската постановка „Власи Фаршарјоти и Мегленци“.