Атина Мургашанска избрана за претседател на Совет на Општина Куманово
Советот на Општина Куманово ја одржа првата – конститутивна седница со новоизбраните советници. На седницата беа верификувани нивните мандати и со свечена изјава се обврзаа на чесно работење и застапување на интересите на граѓаните. Атина Мургашанска беше избрана за претседател и во наредните четири години ќе раководи со Советот на Општината. Мургашанска е правник, а работи во Североисточниот плански регион, воедно е претседателка на Форумот на жени на СДСМ од Куманово.