Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Благодарност до Општина Куманово за поддршка на “Распеано детство”

По повод одржаното 17-тото издание на Меѓународниот фестивал на детска песна “Распеано детство”, со поддршка од Општина Куманово, градоначалникот Димитриевски имаше средба со организаторите на овој фестивал- претставници на Здружението “Етно ризница”, кои му доделија благодарница за поддршката. На наше огромно задоволство, на Фестивалот учествуваа дечиња од РСМ, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, кои презентираа 16 нови детски песни.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст