Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Божиќна честитка од градоначалникот на Општина Куманово

Денешниот блажен ден нека биде исполнет со радост, ден кога го прославуваме Христовото раѓање со надеж и верба кои ни го осветлуваат патот и ни даваат сила да продолжиме напред кон нови предизвици.

Ви посакувам на сите добро здравје, мир во душата, љубов, почит, неизмерна среќа и благосостојба во вашите домови.

Да се радуваме на мали нешта, меѓусебно да си помагаме, заедно да градиме, да развиваме заедништво бидејќи само сплотени можеме да одиме напред кон повисоки цели и достигнувања.

Со благослов од Бога и верба во посветла иднина за сите нас, нека ни е честит и вековит големиот Христијански празник Божиќ!

Мир божји, Христос се роди!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст