“Ветрот на бесконечноста” на ЈОУ Детска градинка Ангел Шајче
Јавната општинска установа Детска градинка Ангел Шајче –Куманово денеска одржа Слет насловен како “Ветрот на бесконечноста”, по повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.
На настанот учествуваа 420 деца од градинката на 4 и 5-годишна возраст, преку кој беа претставени почетоците на установата, традицијата, нејзиниот развој, како гордост на нашиот град. Децата-учесници, низ музички точки, се претставија со четири формации: традиција, современо етно, поп денс и за крај група ветер, која е симболика на насловната порака.
На настанот присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој имаше и свое обраќање, како и директорот на ЈОУ Детска градинка Ангел Шајче, Марина Алексовска.