Во Куманово се одржа настан за промоција на кампањата „На секое дете му треба семејство“.
Денеска во Куманово се одржи настан „На секое дете му треба семејство“. Настанот е дел од кампањата на Министерството за труд и социјална политика, канцеларијата на УНИЦЕФ и СОС Детско Село Македонија која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.