Во Куќата-музеј на Христијан Тодоровски Карпош одбележана 78- годишнина од неговото загинување
Денеска во чест на одбележувањето на 78-годишнината од загинувањето
на легендарниот кумановски командант и народен херој Христијан
Тодоровски Карпош, беше посетена Куќата- музеј на Карпош во Куманово.
Настанот традиционално го организира Општинскиот одбор на Сојуз на
борци од НОАВМ 1941-45 и граѓаните продолжувачи-Куманово.
Делегации предводени од градоначалникот на Општина Куманово и
претседателката на Советот на Општината положија свежо цвеќе пред
бистата на Христијан Карпош. Историската постојана поставка во Куќата-
музеј на Карпош е обновена преку националниот проект за поддршка на
културата-Град на културата за 2019 година и 500 години Куманово, со
финансиска поддршка од Министерството за култура на РСМ и
градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Делегација од Сојуз на
борци-Куманово ќе положат свежо цвеќе и во Билјача-Прешевско, каде
што загинал народниот херој Карпош.