Во понеделник и вторник ќе се изврши дезинсекција против крлежи
На 24 и 25 август (понедлник и вторник) на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Дезинсекцијата ќе биде спроведена на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Целта на овој третман е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.