Во сабота прскање против комарци
Се известуваат сите граѓани дека на ден 16.06.2018 година (сабота) во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на територија на Општина Куманово. Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден.