Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Втор Меморијален турнир во женски ракомет “Јасмина Голубовиќ”

Традиционалниот Меморијален турнир во женски ракомет во чест на легендарната ракометерка од нашиот град Јасмина Голубовиќ, се одигра денеска во спортската сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово.
Домаќин и организатор на спортскиот настан е Здружението на ЖРК Куманово – активни ветеранки со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
На ракометниот турнир учествуваа повеќе екипи од земјава: ЖРК Ветеранки југ – Гевгелија, Ветеранки Стружанка – Струга, Ракометни ветеранки – Богданци, Жито Македонија – Куманово и домаќинот ЖРК Куманово – активни ветеранки, кои го негуваат ликот и делото на славната ракометарка од Куманово, апсолутен рекордер по бројот на настапи за родниот град и постигнати голови за ДТВ Партизан, Јасмина Голубовиќ.
Турнирот се одигра под мотото: “Годините не се пречка, победи ако можеш, изгуби ако мораш но никогаш не се откажувај!”
Пред присутната публика се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која истакна дека наша должност е да ги чуваме и почитуваме делата на спортистите кои оставија белег во богатата спортска историја на нашиот град.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст