Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Гимназијалци на празничен прием во Општина Куманово

Во празнична атмосфера претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска прими група гимназијалци, кои доброволно учествуваа во осмомартовската акција во организација на Канцеларијата за млади при Општина Куманово. На средбата претседателката на Советот на Општината ги запозна средношколците со раководната структура и тимот на кабинетот на градоначалникот, составен од припаднички на понежниот пол во Општина Куманово. Учениците од СОУ Гимназија Гоце Делчев – Куманово, во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, иницираа акција – изработка на креативни подароци што беа подарени на жените кои денеска минуваа низ централното градско подрачје.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст