Годишен концерт на КУД “Српски вез”-Куманово
По повод 8– годишното постоење на КУД „Српски вез“ – Куманово, денеска пред НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” се одржа традиционалниот годишен концерт. Овој настан е поддржан од страна на Министерствата за култура на РСМ и Р Србија, Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот и Општина Куманово. На настанот настапија членовите надетскиот и младински фолклорен ансамбл, првиот изведувачки ансамбл, етно групата со истакнати солисти, во придружба на оркестрот, како и членовите на детскиот културен центар „Карпош“–Скопје. На концертот присуствуваше секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.