Градоначалникот Димитриевски на годишна конференција за децентрализација и локално управување
Денеска започна дводневната годишна конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП – Програма за развој на ООН во партнерство со Министерството за локална самоуправа.
Дискусијата ќе биде фокусирана на главната тема“Локално управување – време за можности и промени”, а ќе се обработуваат и повеќе теми од исклучителна важност за локалната самоуправа:
– Предизвици и можности во време на криза,
– Фискална децентрализација,
– Значењето на бизнис заедницата за локалниот економски развој,
– Иднината на локалните самоуправи и ЕУ перспективите.
На конференцијата учествуваше и Градоначалникот на Општина Куманово во дискусија на тема “Иднината на ЕЛС и ЕУ перспективите – Патот напред”, а присуствуваа и претставници на општинската администрација.