Градоначалникот Димитриевски на средба со претставници на ЖРККуманово
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска се сретна со членките и раководството на ЖРК Куманово, кои оваа година се закитија со двојна круна-освоено првенство и КУП на Република Северна Македонија. Димитриевски им се заблагодари за постигнатиот успех, кој претставува вистински пример и поттик за развој на младите генерации спортисти. Општина Куманово ќе продолжи со финансиска поддршка на клубот преку Општинскиот сојуз на спортови, излегувајќи им во пресрет и за користење на спортски сали, теретана и превоз за потребите на ЖРК Куманово.