Градоначалникот Димитриевски на “EU-Western Balkans: Smart Cities Economic Forum” во Прага
На покана на амбасадата на Република Чешка, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со градоначалниците на Скопје, Штип, Тетово, Битола, Струмица и Берово, учествува на “EU-Western Balkans: Smart Cities Economic Forum”, кој се одржува во Прага. Целта на форумот е развој и имплементација на концептот на паметни градови, дигитализација и зелена агенда, како и позитивни примери, искуствата и know-how на градовите од ЕУ во примена на овој концепт, неговата важност и улога во идниот развој на општините и директниот бенефит што го има за граѓаните.