Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски со реакција на Барањето на СВР Куманово

По барањето на Секторот за внатрешни работи Куманово Локалната самоуправа да обезбеди локација,која ќе биде наменета за паркирање на мотокултиватори во градот и управување и учество во сообраќајот на истите, општина Куманово ја информира јавноста и граѓаните дека општината нема никакви ингеренции во обезбедување на локации и вршење на контрола. Напротив, согласно постоечките Закони и подзаконски акти, учеството и контролата на мотокултиватори, кои се регистрирани како земјоделски машини, со намена за употреба во земјоделството, а не за вршење на дејност,како и издавање на соодветни и справи за управување на истите, е во надлежност на Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово на подрачје на општина Куманово.

Врз основа на член 7 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на РМ“ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа („Службен весникна РМ“ бр. 5/02), јасно е наведено дека: (Општините и градот Скопје го уредуваат сообраќајот на локалните патишта и улици на своето подрачје, согласно со одредбите од овој закон.), како и член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) каде стои дека под надлежност за Општината се комуналните дејности: одржување на јавна чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; одржување и реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќај; изградба и одржување на јавниот простор за паркирање,отстранување на непрописно паркирани возила и отстранување на хаварисаните возила од јавни површини.

Согласно горенаведените законски одредби и конкретни членови од Законите,кои ги дефинираат условите и критериумите за управување и учество во сообраќајот со мотокултиватори,како и дефинирање на надлежностите на општина Куманово врз управување на сообраќајот и сообраќајните текови на локалните улици и патишта, со што се дефинира дека движењето на мотокултиваторите и нивното стационирање на јавно прометните површини на подрачје на општина Куманово не е во надлежност и не може да биде контролирано од страна на Локалната самоуправа.

МВР има должност да ги исклучи од сообраќај сите оние, кои вршат дејност на собирање на отпад и пренос на градежен шут, како и да ги санкционира за учество во сообраќај и узурпирање на јавно- прометни површини, каде самоиницијативно и недозволено се паркираат на булевар Октомвриска револуција, локалитет Житомел и наспроти влезот во населба Средорек.

Важно е да напоменеме и дека мотокултиваторите се регистрирани и во сопственост на физички лица и од таа причина Општината не е во надлежност за обезбедување на простор за паркирање и стационирање на мотикултиватори, а Општината исклучиво стопанисува со утврдени зони за паркирање.Дополнително, истите лица кои ги користат мотокултиваторите не се лиценцирани за собирање и одлагање на отпад и не постои законска одредба со која може на лицата да им бидат издадени лиценци.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст