Дводневна обука на тема “Препознавање, превенирање и справување со насилното и агресивно однесување и екстремизам меѓу учениците во основните и средните училишта на територија на општина Куманово”
Денеска во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации започна дводневната обука наменета за стручните служби во училиштата на тема “Препознавање, превенирање и справување со насилното и агресивно однесување и екстремизам меѓу учениците во основните и средните училишта на територија на општина Куманово”. Оваа обука е организирана од општина Куманово и Мрежа на силни градови, во реализација на Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики-ЕУ за тебе-Скопје. На обуката присуствуваат претставници од Секторот за образование при општина Куманово и вработени во стручните служби од општинските основни и средни училишта.