Дезинсекција против крлежи на територија на Општина Куманово
На 25.08. и 26.08.2022 година (четврток и петок) во 05.00 часот на територијата на Општина Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести, каде како вектори се јавуваат истите. Со овој третман ќе бидат опфатени јавно-прометни зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот и парковите. Третираните површини ќе бидат видно одбележени и не се препорачува престој на површините како за луѓе, така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.