Делегација на Општина Куманово во Горњи Милановац
Делегација на Општина Куманово деновиве е во посета на Општина Горњи Милановац по повод прославата на Ден на градот, 203 години од Таковското Востание и 165 години од формирањето на градот. Делегацијата предводена од Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска имаше свечен прием кај градоначалникот на збратимената општина, присуствуваше на Свечената седница на Советот на општината и положи цвеќе на споменикот „Таковски Грм“.