Делегација од Општина Куманово и Советот на општина Куманово положија цвеќена спомен обележје на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска заедно со општинска делегација положија цвеќе на спомен обележје на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, по повод 25 Мај ден на Младоста во поранешна СФРЈ. Настанот е во организација на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово. На настанот своја делегација имаше и Советот на општина Куманово, како и други почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито.