Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ден на албанска азбука

Со пригодна манифестација од страна на ученици и наставници од основните и средните училишта од нашиот град, беше одбележан Денот на албанската азбука, 22 Ноември, во Занаетчиски Дом – Куманово.
Настанот е организиран од Здружението “Недела на албанска култура”, проект од национален интерес за култура со поддршка од Општината.
Учениците настапија со литературни творби, интерпретација на песни и изложба на ликовни дела за кои следуваа награди, а благодарници беа доделени за сите учесници на денешната прослава.
На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст