Детски ликовен камп „АСНОМ„
Градоначалникот Максим Димитриевски, вечерва во просториите на Занаетчискиот Дом, ја отвори Биеналнат изложба на слики и графики 2018 „Детски ликовен камп „АСНОМ„.
Целта на изложбата е да се направи пресек на најуспешно изработените дела во последниве две години. Учесници на оваа манифестација се учениците од општинските основни училишта како и лицата од центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша„ и лицата од Дневен центар за лица со интелектуална попреченост.
Фонадацијата за култура и спорт од општина Куманово, во чија организација е настанот во иднина планира, оваа манифестација да прерасне во меѓународна манифестација која ќе го прикаже Куманово како град кој се грижи за најмладите во регионот.
По завршувањето на изложбата,сите изложени дела ќе бидат донирана на Дневниот центар „Порака Наша„