Димитриевски на работна средба со пратенички-членки на Клубот за млади пратеници во Собранието на РСМ
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска одржа работна средба со пратеничките-членки на Клубот за млади пратеници во Собранието на РСМ, Фиснике Бектеши-Шаќири и Сафије Садики-Шаини и претставникот на Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД), Дона Костуранова. На средбата присуствуваа и раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита и заштита на децата и здравствена заштита и службеникот за млади во Општина Куманово. Беше разговарано за унапредување на интересите на младите луѓе, преку континуирана соработка и комуникација со младински организации и ресорни институции, со цел подобрување на состојбите со младите и остварување на нивните секојдневни потреби и права. Се дискутираше и за функционирањето на Младинскиот центар, кој е прв во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики и стандардите за младински центри, за канцеларијата за млади во Куманово, како и за изготвување на Стратегија за млади на локално ниво.