Димитриевски на средба со командант на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ)
Денеска во прва посета на Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски беше бригадниот генерал Евангелос Митруцикос, командант на бригадата на југоисточна Европа (СЕЕБРИГ).
На средбата беа потенцирани стабилните односи меѓу двете страни, кои бележат високо ниво постигнато со интензивна соработка и постојан дијалог со цел успешно спроведување на зацртаните активности во сите општествени сфери.