Димитриевски на средба со претставници од Меѓународното полициско здружение ИПА
Во рамки на втората Меѓународна ИПА средба – Куманово 2022, Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со директорот на ЈП “Чистота и зеленило”- Куманово, Даниел Стојчевски и претставникот од правен сектор, Стефан Петковски, беше домаќин на делегација составена од претставници на меѓународната асоцијација ИПА, од земјите во регионот (Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија).
Во пригодна атмосфера беа разменети искуства од досегашната соработка, кои се насока за успешно продолжување на идните проекти и обуки на Оддел Македонија – ИПА.
Во нашиот град се отвори канцеларија по повод 10 – годишниот јубилеј на ИПА – Регион Куманово, за поддршка и развојна стратегија на полициските службеници.