Димитриевски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Гњилане
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Гњилане Албан Хусени и претставници од кабинетот.Од страна на Општина Куманово присуствуваа: претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска, директорот на ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово Стојчевски, раководител на Одделение за локален економски развој Петровска и претставник од кабинетот на градоначалникот Аќифи. На средбата се разговараше за идна соработка во повеќе општествени области, како и можноста за партнерско аплицирање на проекти во рамки на претстојната Програма за прекугранична соработка. Како збратимени градови, Куманово и Гњилане досега реализираа повеќе проектни активности, меѓу кои и три проекти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и РСМ.