Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во РСМ

Денеска во прва официјална посета на Општина Куманово беше амбасадорката на Кралството Шведска во РСМ, Н.Е.  Ami Larsson Jain, во придружба на Првиот секретар заменик шеф на мисијата Bibi Gramson. Согласно со приоритетите на двете страни, на средбата со градоначалникот на општина Куманово Димитриевски беа потврдени добрите односи,  кои се карактеризираат со пријателска соработка и се значајни за остварување на стратешките цели. Партнерските односи ќе  се спроведат преку реални проекти во областите од взаемен интерес, со цел просперитет и подобар животен стандард на граѓаните.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст