Дневен ред на осумнаесетта седница на Совет на Општина Куманово
На 30 јануари 2023 година (понеделник) со почеток во 10 часот, во кружна сала во зградата на поранешните општествено – политички организации ќе се одржи осумнаесетта седница на Совет на Општина Куманово со следен
Дневен ред
1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност за преземање на работници од ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово во ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 30 работници во ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово во 2023 година преку приватна агенција за вработување;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „11 Октомври” – Куманово;
- Стратегија за рурален развој на Општина Куманово за период 2023 – 2027 година;
- Информација за запишување на ученици во I-ва година и актуeлни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2022/2023 година;
- Информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2022/2023 година;
- Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема (реклами) на подрачјето на град Куманово;
- Предлог – Одлука за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица во Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Водовод“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.