Доделени потврди за учество на образовни асистенти на проектот “Креирање можности за работа за сите”
Општина Куманово во соработка со Центар зарурален развој Бујрум од Куманово и Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), ја спроведе програмата Општинско корисна работа, во рамките на проектот “Креирање можности за работа за сите”.Програмата е финасирана од Швајцарска агенција за равој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Агенција за вработување на Република Северна Македонија. Во проектот беше предвиденоангажирање на 20 лица, кои ќе работат како образовни асистенти, по 20 часа неделно за период од 6 месеци. Со проектот беа опфатени четири општински основни училишта и тоа:“Христијан Карпош”, “11 Октомври”, “Браќа Миладиновци” и “Крсте Мисирков”.Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска им додели потврди за учество и успешно реализирана работа на 20-те ангажирани лица.