Доделен лап топ на семејството Драгишевски
Денеска претставници од општина Куманово доделија лап топ компјутер на семејството Драгишевски од кумановското село Стрновац, по објавувањето на тешката животна приказна на ова семејство. Дополнително Мите и Катерина ќе добијат две работни маси и столчиња, за да можат поуспешно да ја следат наставата и да учат во домашни услови.