Документарен филм „Соколански кошаркарски турнир”
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во општината оствари средба со спортските легенди Мирољуб Дамјановиќ, Немања Ѓукиќ, Јелица Калиниќ, Христо Ќорчевски, Васил Тупурковски, Зоран Темелковски, Пежо Лазетиќ, Домлевски, Мирослав Лалевски и Мице Ивановски кои престојуваат во нашиот град по повод промоцијата на документарниот филм „Соколански кошаркарски турнир„. По средбата зедно присуствуваа на промоција на петтиот филм за Соколана од спортскиот новинар Маријан Стошевски, кои се одржа во Занаетчиски дом. Филмот за кошаркарските турнири е специфичен, бидејќи во него актерите ги раскажуваат своите настапи во „Соколана„, симбол на спортскиот дух на Куманово.