Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Државно зимско првенство во пливање

Овој викенд (03.03.2018 и 04.03.2018) Куманово за прв пат ќе биде домаќин на Државно зимско првенство во пливање што ќе се одржи на Затворениот градски базен. Организаторот на настанот е Пливачка федерација на Р.Македонија, во соработка  Општина Куманово и Пливачки клуб „Аква„.  На првенството се поканети сите пливачки клубови од државата да земат учество во следниве категории : помлади пионери, повозрасни пионери, кадети и кадетки, младинци и младинки и сениори и сениорки.  На свеченото отварање во Сабота (03.03.2018г.) во 17:15 часот свое обраќање ќе има Градоначалникот Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст